DSC_6387 copy

Печатница

timeline_pre_loader

Дигитален Печат

DSC_6507 copy

Печатот на малите количини заслужува исто внимание како и големите количини. Во ArbëriaDesign овој вид на „проблем“ го решивме со помош на квалитетен дигитален печат. Без разлика дали се во прашање визит карти на хартија од 300gr/m2 или брошури (хартија 115 gr/m2), овој вид услуги ги вршиме брзо со помош на дигитален печат до Б3 (500mm x 350mm) формат, независно од количината, и еден единствен отисок, но сепак со евтина цена.

Печат во голем формат

Одделот за печат во голем формат, ни овозможува печат на разни медии во големи формати до 4,8m во ширина и неопределена должина како што се: самолеплива PVC фолија, One way Vision, PVC церади идр, со EcoSolvent или UV боји.

Сито & Тампон печат

Во овој оддел вршиме печат на разни тврди и меки површини во едно и повеќе бои. Метеријалите што се печатат во ова техника се: текстил (маици, знамиња и други текстилни материјали), пластични површини како: хемиски моливи, запалки и др…

Офсет Печат

Посветени на исполнување на потребите на клиентите, реализација на идејите на дизајнерите и секогаш имајќи ја во предвид брзината на реализација на нарачките, нашиот оддел на печат е опремен со современи машини за печат од еднобојен A3 (420mm x 297mm) формат преку четворобоен Б3 (500mm x 350mm) и Б2 (700mm x 500mm) па се до најновото во ArbëriaDesign Б1 (1000mm x 700mm) четворобоен формат. Ние во ArbëriaDesign особено внимание посветуваме на контролата на квалитетот на печатот. Ние применуваме ISO 9001:2008 стандард за контрола на квалитетот. Контролата на квалитетот на печатот опфаќа неколку мерни и контролни точки: калибриран монитор за подготовка на печатот, мерење на развијени термални плочи со помош на денситометар како и мерење на печатените табаци со денситометар печатени со ЦТЦП контрола.

Преработка после печат

ArbëriaDesign е една од најопремените печатници во Република Македонија за доработка на печатени материјали. Со две работилници, една во Тетово и другата во Скопје, ние сме професионализирани не само за печатот на материјали туку и за доработка на истите.
timeline_pre_loader

Тврд Повез

Тврд повез е една од нашите „специјалности“. Ние сме во состојба да произведеме тврд повез со безпрекорни детали, во комбинација со еко-кожа, пластика, печат + ламинација, сунѓер идр. Златен печат (златотисок) и везење на корица истотака се можни како дел од нашата доработка на тврд повез.

Мек повез

Книги со мек повез, со класично лепење (биндер) и ламинација (пластификација) на корици истотака е дел од нашата понуда.

Жичен повез