Драги колеги, соработници, клиенти и пријатели

ArbëriaDesign е резултат на совршента екипна работа на сите наши вработени, на клиентите како и на друштвото на кое му припаѓаме. Без поддршката на овие три „елементи“, би било невозможно да стасаме тука каде сме денес. Затоа јас се чувствувам горд што се наоѓам на управувачкото место на оваа совршена унија. Заедно со сите овие мажи и жени јас ќе се залагам за непрекинат развојот на нашите единици, и се надевам дека заедно ќе успееме ArbëriaDesign да ја однесеме во пазарот на Европската Унија, место што е наша целта.

Генералниот менаџер

Историја

ArbëriaDesign е основана 1993 година од страна на г. Хасим Хамзаи, во почеток како мала локална печатница во Тетово. Во тоа време, капацитетот на печатницата ги задоволуваше потребите на графичките услуги на локалните фирми, кои тогаш и самите беа во почеток на својата дејност. Следејќи ги трендовите и перманентно имајќи на ум дека конкурентни компании се само тие компании кои се еден корак по напред од другите, во 1995 година ArbëriaDesign ја отвори насоката на дизајнот, конкретно го отвори своето графичко дизајн студио, вработувајќи неколку графички дизајнери. Оваа одлука резултираше како добра идеја, особено во 1998 година, кога ArbëriaDesign потпиша договор со германскиот Бундесвер -(стациониран во Тетово, како дел од НАТО мисијата на Балкан), за дизајн и печат на неделното војно списание Maz&More. Денес, ArbëriaDesign се разви и стана една од најголемите компании во Република Македонија во дејноста на графичките услуги. Таа оперира со неколку единици кои нудат многубројни графички услуги како: маркетинг, внатрешната и надворешната реклама.